Галтие денеска за последен пат ќе го води ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие со сигурност ќе си замине од ПСЖ по завршувањето на сезоната, тврди „Л’Екип“. 56-годишниот тренер е на кормилото на парижаните од минатото лето, но клубот веќе донел одлука да се раздели со него.

Галтие е под договор на уште една година, но ќе дојде до негово раскинување. Челниците на ПСЖ наводно не можат да му го простат на Галтие испаѓањето од ЛШ уште во 1/8 финалето од Баерн Минхен.

За најсериозен кандидат се споменува актуелниот тренер на Рома, легендарниот Жозе Мурињо, додека останати кандидати се уште и Луис Енрике и Чаби Алонсо.

Се вчитува...