Поранешниот македонски селектор со нова работа во Русија

Поранешниот македонски селектор на кошаркарите Јовица Арсиќ, во новата сезона ќе го води рускиот тим Јенисеј од Краснојарск. Србинот потпиша договор на една сезона со рускиот клуб.

Клучно за рускиот тим било тоа што Арсиќ знае да работи со млади играчи. Арсиќ беше селектор на Македонија од 2007 до 2009 година, а беше тренер и на Струмица.

„Арсиќ е идеален за нашите цели. Знае да работи со мал буџет, а да постигнува резултати. Неговото искуство со млади играчи е непроценливо и важно за нас, затоа што сме подготвени да го подмладиме тимот“, изјави директорот на клубот Јенисеј, Владимир Петровскиј.

Се вчитува...