Цела Македонија на денешен датум пред точно шест години беше на нозе, откако ракометарите на Вардар се искачија на врвот на Лигата на Шампионите, во финалето од фајналфор турнирот во Келн совладувајќи го моќниот ПСЖ со минимални 24-23.
Еден ден по неверојатниот триумф над Барселона во полуфиналето, со голот со звукот на сирената на Лука Циндриќ, „вардарци“ одиграа уште еден трилер меч, повторно решен во последната секунда. И повторно дуелот беше со хепиенд за македонскиот шампион, кој благодарение на голот на Чупиќ во самиот финиш стигна до својата прва историска европска круна.
Погледнете ги последните две минути од неверојатното финале меѓу Вардар и ПСЖ, одиграно на 4 јуни 2017 година… и еуфоричната прослава по победничкиот гол на Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА