Екипата на Парма одигра само 0:0 во полуфиналниот бараж за пласман во Серија „А“, и загуби со вкупни 3:2. Тоа значи дека тимот на легендарниот Џанлуиџи Буфон сезонава нема да се врати во елитното фудбалско друштво, и ќе мора да чека некои подобри времиња.
Парма го загуби овој двомеч во првиот натпревар, кога имаше предност од 0-2, но дозволи противникот да направи пресврт и да дојде до победа, која ја одбрани на реваншот.
Калјари во финалниот бараж за пласман во Серија „А“ ќе игра против екипата на Бари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА