Азар на крајот сепак покажа величина која ги воодушеви фановите на „кралевите“

Еден Азар после четири години и неуспешна авантура, заминува од Реал Мадрид. „Кралевите“ го платија скапо, но тој не беше ниту блиску до формата која ја имаше во Челси, па така повеќе беше на клупата или на трибините отколку на теренот.

И покрај тоа што неговиот договор истекуваше во јули 2024 година, сепак, двете страни се согласија предвреме да го раскинат. Сега на Азар останува да одлучи за својата иднина, а некои информации велат дека тој размислува и да ја заврши играчката кариера иако има 32 години.

Сепак, на заминување Азар излегол сосема коректен кон раководството на Реал Мадрид, и се спогодил со клубот да му плати само 50% од сумата која му ја должи за предвремен раскин на договорот. Така наместо 28 милиони евра, Белгиецот ќе добие 14, но пола од тие ќе отидат во данок, што значи на неговата сметка ќе „легнат“ седум.

Годишно Белгианецот заработуваше 28 милиони евра. Вкупно наплати 112 милиони евра во четирите сезони, но на неговата сметка „легнале“ пола од тие пари, со оглед дека другата половина беа даноци.

Се вчитува...