Капитенот на Тотенхем, Хуго Лорис, откри дека ќе го напушти клубот ова лето барајќи нов предизвик. Голманот е во Тотенхем од 2012 година и има уште една година од актуелниот договор, но Лорис изјави дека годинава ќе се раздели со лондонскиот клуб.
„Спурс“, кои ја завршија сезоната со Рајан Мејсон како привремен тренер, се во потрага по нов менаџер по бурната кампања во која имаа неколку различни шефови и завршија на осмото место во Премиер-лигата.
Лорис го пропушти крајот на сезоната поради повреда, а неговиот последен настап беше во поразот на Тотенхем од Њукасл со 6-1 во кој прими пет гола за 21 минута.
Откако ја започна својата кариера во Ница, Лорис му се приклучи на Лион во 2008 година, а потоа се пресели во Тотенхем четири години подоцна. Тој има 447 настапи за Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

