Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 11 минути и 18 секунди. Втор на целта пристигна Тирон Мамуша од Албанија со време 1:15:54 ч, а трет беше Муџаид Мислими од Македонија – 1:16:39 ч.
Во женска конкуренција на 21 километар триумфираше Билшерин Сулејман од Бугарија со време 1.25.01 часа, пред Билјана Кираџиева од Србија (1:32:22 ч.) и Марина Домазетоска од Македонија (1:36:11 ч.).
Наградниот фонд за победниците на 21К е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие добија и бисери од Филеви.
Во трката на 5 километри, во машка конкуренција победи Михаил Вулковски од Бугарија со време 18:52 минути, втор беше Жорит ван дер Рат од Холандија (19:18 м), а трет Атила Расим од Бугарија (19:25 м.).
Во женска конкуренција на пет километри победи Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути, втора пристигна Николина Милевска Велјановска од Македонија (24:02 м.), а трета беше Бојана Наумовска од Македонија (24:30 м.).
Во тимската трка во женска конкуренција победник беше тимот на „4W“ во состав Наталија Чона, Емилија Чона, Маја Групчева и Славка Чона, пред женскиот тим на „Охрид трчат“ во состав Сара Секулоска, Наташа Кецкарова, Евгенија Огненова и Софија Димзовска.
Во машка конкуренција на тимската тркаа победија тркачите од охридската гимнација во состав Климент Гашоски, Стефан Џајкоски, Теодор Илоски и Петар Шаптоски.
Во штафетната трка на 21 километар во машка конкуренција тримфираше АК Делта (1:24:19ч.), пред Битолски бавни тркачи (1:28:16ч.) и „Poetry Run“ (1:41:58ч.). Во женска конкуренција првото место го освои штафетата „Сакаме тартан во Битола“ (1:53:55ч.) пред „Ohrid running team girls“ (2:04:18ч.) и „BFIT1“ (2:08:38).
На седмото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ учествуваа близу 2000 тркачи од 28 земји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА