„Комити“ го слават 36 роденден: Секогаш водени од искрената емоци и мотото „Еден живот, една љубов“

Најстарата навивачка група во Македонија, „Комити“ го прославуваат својот 36 роденден.

Ви го пренесуваме целосното соопштение на „Комити“

„Во името на клубот, би сакале на нашите навивачи, не да им честитаме, туку да им се ЗАБЛАГОДАРИМЕ, за се што направија за клубот, во изминатите 36 години! Водени од искрената емоција, идеалите и мотото “Еден живот – една љубов”, нашите верни Комити 36 години се верна Вардарова сенка! Ви благодариме за поддршката, верноста, и затоа што никогаш во овие 36 години, му немате свртено грб на клубот! Ќе дадеме се од себе, 37 роденден да го дочекаме како шампиони. А титулата кога ќе ја кренеме, без гајле, ќе спомнеме, дека во лошо тука биле само Комити. Тоа не смее да се заборави!“, велат Комити.

Се вчитува...