Дејан Георгиевски поразен на СП во таеквондо

Златното момче на македонското таеквондо, Дејан Георгиевски го заврши настапот на Светското првенство во Баку, Азербејџан.

Македонецот откако беше слободен во првото коло поради ранкингот, во второто коло загуби од Али Акбар Амири од Авганистан.

И покрај поразот, Георгиевски се уште не ги губи шансата за виза за во Париз, бидејќи ќе има и квалификациски турнир. За потсетување, на игрите во Токио, Георгиевски токму преку квалификациите стигна на ЛОИ, а таму беше неверојатен и го освои сребрениот медал.

Се вчитува...