Ништо ново: Ѓоковиќ повторно во војна со публиката во Париз (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ има водство од 1-0 во сетови во 4. коло на Ролан Гарос во мечот против Перуанецот Варилас.

И покрај тоа Србинот што лесно со 6-3 го освои првиот сет, тој повторно влезе во расправа со публиката на „Филип Шатрие“.

Ѓоковиќ водеше голема битка при резултат 4-2 во негова корист, кога ривалот стигна до брејк-топка, но Србинот по долга битка го освои поенот и ја предизвика публиката.

 

Се вчитува...