Сензацијата на годинашното издание на Ролан Гарос, Бразилецот Тијаго Сејбот Вајлд има навистина црно минато.
Откако го совлада Медведев во првото коло, тој веќе не се појави на прес-конференции поради неговото минато и прашањата кои го чекаа од новинарите.
По победата над Медведев, бразилскиот тенисер се појави пред медиумите и набрзо зажали. Од тој момент одлучи да ја избегне седмата сила.
За жал, турнирот на неговиот живот, каде што покажа огромен потенцијал, беше нарушен со обвинувања за насилство кон неговата поранешна партнерка. Овојпат тој успеа да избегне да зборува за тоа, но светските медиуми ќе го чекаат и тие прашања ќе се враќаат одново и одново на секој следен турнир.
Причината е јасна. Една од неговите реченици цитирана од бразилски медиум е доволна за да се објасни димензијата на проблемот: „Моето семејство од страната на мајка ми е нацистичко“. А очигледно ќе следат и полоши прашања, бидејќи она што прво го објавија овие медиуми беше пренесено секаде низ светот.
„Мојот прадедо, таткото на таткото на мајка ми, беше учител на Хитлер. Го донесе од Австрија и го научи Хитлер на животот“, изјавил Бразилецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

