Вардар Неготино го совлада Драчево и остана во ракометната Суперлига

Екипата на Вардар Неготино остана во суперлигашкото ракометно друштво откако денеска во баражот за опстанок славеше над третиот во Првата лига, Драчево со 27-22.

Натпреварот кој се играше во Прилеп немаше голема неизвесност откако, неготинчани уште од самиот старт ја презедоа иницијативата и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да стигне до триумф.

Ѓорѓи Орешков со пет гола беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Ѓорѓи Дука заврши со шест.

 

Се вчитува...