Вистински возбудувања ни донесе последното коло во италијанската Серија А, но и интересна ситуација во која се најдоа Верона и Специја.
Овие два тима на крајот ќе играат бараж за меч за опстанок, откако и двата тима загубија со идентични 2-1, а според новите правила на Серија А тимови кои се наоѓаат на првата или на 17. позиција (последна која носи опстанок), а имаат исто бодови ќе играат бараж натпревар.
Верона изгуби на гостувањето кај Милан со 3-1, додека Специја беше поразена на „Олимпико“ од Рома со 2-1. Токму со голот на Дибала во 89. минута од пенал, Специја замина во бараж мечот, додека „римјаните“ обезбедија место во Лигата на Европа каде и се приклучија на Аталанта, на сметка на Јувентус кој и покрај триумфот од 0-1 против Удинезе следната сезона ќе игра во Конференциска лига. На овој меч Несторовски влезе во игра во 80. минута и ги одигра последните десетина минути.
РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 38. КОЛО: Милан – Верона 3-1, Рома – Специја 2-1, Аталанта – Монца 5-2, Лече – Болоња 2-3, Удинезе – Јувентус 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА