Мајами Хит стигна до „брејк“ во финалната серија против Денвер во НБА лигата откако славеше во вториот натпревар за 1-1. Со тоа тимот од Флорида дојде во добра ситуација за предност со оглед на тоа што следните два натпревари ги игра на домашен терен.
За разлика од првиот натпревар во кој Никола Јокиќ оствари дабл-дабл во поените и асистенции уште во првото полувреме, овој пат гостинските кошаркари го спречија разигрувањето на Србинот кој што постигна 41 поен, но асистираше само три пати до соиграчите.
За Џими Батлер тоа е клучно за победата и на ваков начин Мајами мора да игра и до крајот.
„Притисок на топка, враќање во одбрана, лов за секоја ничива топка, одбрана на секое додавање или шут… тоа е клучот за победа. Никола е неверојатен играч, неверјатен аистент и може да не разбие како вечерва, но кога ќе му ја одземеме топката ни се отвара простор за контра. Тоа мораме да го правиме целата серија. Вечерва добро си ја завршивме работата.
Не ни е важно што мислат другите. Толку сме фокусирани на тоа што го правиме и го правиме како тим, на тоа се потпираме. И кога погодуваме и кога промашуваме ќе бидеме тоа што сме. Не ни важно за никој друг, така беше во целата сезона и тоа нема да се промени“, вели Батлер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА