Јокиќ: Не ме интересира статистика

Мајами Хит славеше во вториот финален натпревар со што ја изедначи серијата против Денвер на 1-1 пред заминување на Флорида каде ќе бидат одиграни следните два натпревари.

Дабл-даблот на Јокиќ проследен со 41 поен и 11 скокови овој пат не беше доволен за победа на тимот од Колорадо. Мајами го запре разигрувањето на српскиот центар, а тоа вроди плод.

„Некогаш ќе победите, некогаш ќе изгубите. Не сакавме тоа да се случи, но се случи. Мораме да живемее со тоа и мораме да одиграме добар натпревар во Мајами.

Промашував јас од полудистанца, Џамал промаши истотака, Мајк промаши тројка од корнер. Тоа се обиди кои ние ги сакаме, но не реализиравме. Влеговме во нивни ритам и можеби решението е да играме побрзо. Притоа тие погодија 17 тројки и што е многу добро. Ни недостасуваше дисциплина во одбраната и ваква екипа тоа знае да го казни“, вели Јокиќ.

Србинот кој овој пат не оствари трипл-дабл учиник доби прашање и во тој сегмент.

„Не знам, не ги бројам асистенциите да бидам искрен. Само играм и не размислувам за статистика“

Се вчитува...