Лудница во Мадрид: Навивачи на Реал со часови чекале да го видат Роналдо (ВИДЕО)

Тотална лудница во Мадрид по една од најголемите ѕвезди кои некогаш настапувал за Реал, Кристијано Роналдо.

Роналдо вчера, зеедно со Георгина, се одлучија да минат неколку денови во Мадрид одседнувајќи во својот хотел „Пестана ЦР7“, па пред хотелот се создаде вистинскиот хаос откако бројни навивачи посакаа да го видат својот спортски идол.

Голем број лица со часови чекале појавување на Роналдо што е повеќе од доволен знак за популарноста на Португалецот.

Роналдо одлучи и следната сезона да ја мине во редовите на Ал Наср во Саудиска Арабија, а во Мадрид е често на неколкудневен одмор.

Се вчитува...