Удар за Рома: Абрахам го пропушта и стартот на новата сезона

Жозе Мурињо бара од газдите на Рома создавање на конкурентен тим за борба за скудетото, но сметките дополнително се замрсија по вчерашната повреда на најдобриот стрелец на тимот, англискиот интернационалец Теми Абрахам.

Тој се повреди при трк по една топка на дуелот со Специја и веднаш стана чигледно дека проблемот е сериозен. Деталните лекарски прегледи само ги потврдија стравувањата – станува збор за кинење на вкрстените лигаменти на левото колено, за што вообичаено следи повеќемесечна пауза.

„Волчицата“ најави повеќе информации откако ќе биде извршен хируршкиот зафат врз Абрахам, веќе е јасно дека тој ќе го пропушти стартот на новата сезона, но во Рома стравуваат дека Абрахам би можел да биде загубен и до крајот на оаа 2023 година.

Ова сериозно ја компликува задачата на управата за составување на моќен тим по желба на Мурињо, особено ако се знае дека и Пауло Дибала би можел да си замине од тимот, бидејќи во договорот има клаузула што го прави слободен за отштета од само ѝ12 милиони евра, за клубови надвор од Италија.

Се вчитува...