Ла Лига со зелено светло за Барселона: Сега може Меси да се врати!

Ла Лига веќе и дефинитивно дала зелено светло за планираниот буџет на Барселона, пренесува „Мундо депортиво“. Сето тоа се очекува официјално да се обелодени во наредните часови по што Барселона ќе може да се врати и дефинитивно на трансфер-пазарот.

Сето тоа значи дека Барселона сега ќе може да достави формална понуда за ангажман на Лионел Меси. Извори од редовите на Барселона потврдуваат дека има позитивни сигнали од Ла Лига, но не сакаат да се радуваат предвреме се додека се не биде официјално.

Барселона го очекува официјалното зелено светло па веднаш да се активира понудата за Меси, кој секако нема долг период за чекање поради понудите од другите страни, меѓу кои и онаа од Саудиска Арабија.

Чави претходно потенцираше дека сака да го има Меси во своите редови, но се додека го нема одговорот од Ла Лига не може така лесно да се ослободи од некои актуелни фудбалери на тимот.

Се вчитува...