Селекторот на Јужна Кореја повика затвореник во репрезентацијата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Јирген Клинсман направи скандал во азиската држава откако во репрезентацијата во повика сегашниот затвореник Јун-Хо Сон за настап на пријателски натпревар против Перу.

Јун-Хо Сон е во затвор во Кина под обвинение за местени натпревари, но германскиот стартег верува дека тој ќе биде ослободен во следните десетина дена и ќе може да настапи на натпреварот закажан за 16. јуни.

„Не знаеме во каква физичка и психичка состојба се наоѓа. Се надеваме на добри вест од ден за ден, но не е во наша моќ. Ја има нашата потполна поддршка. Јужнокорејската федерација тврди дека е договорено неговото отпуштање од затвор. Но, засега бадијала се обидуваме“, вели Клинсман.

Се вчитува...