Милан ќе претпри промени во раководството на клубот од каде денеска замина Паоли Малдини. Легендарниот фудбалер на „росонерите“ ја завршеше директорската функција, но неговата визија за иднината на клубот не се поклопи со таа на сопствениот Гери Кардинале.
Денешниот состанок помеѓу Малдини и Кардинале дополнително ја влоши ситуацијата по што директорот кој донесе титула претходната сезона се одлучи моментално да замине од клубот, пренесуваат италијанските медиуми. Покрај Малдини клубот ќе го напушти и Рики Масара.
Недоразбирањата се околку буџетот за трансфери на клубот. Според Малдини сопственикот треба да го „одврзе ќесето“ за Милан да биде конкурентен во европските натпреварувања и во Серија А, додека Кардинале изразил незадоволство и од веќе ангажираните фудбалери, поготово од трансферот на Чарлс де Кателар за кој беа вложени 35 милиони евра, а не успеа да постигне ниту еден гол сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА