Францускиот фудбалер Карим Бензема, потпиша тригодишен договор со Ал Итихад, пренесуваат медиумите од Франција.
Реал Мадрид пред два дена објави дека Бензема по 14 години ќе го напушти мадридскиот клуб, бидејќи напаѓачот одби да ја продолжи соработката со шпанскиот вицешампион.
Добитникот на „Златната топка“ претходните 14 години беше член на Реал Мадрид, а со мадридскиот клуб освои 24 трофеи.
Французинот го одигра последниот натпревар за Реал во неделата против Атлетик Билбао (1-1), а единствениот гол за мадридскиот клуб го постигна Бензема од пенал.
Извор близок до Ал Итихад наведува дека Бензема во клубот од Саудиска Арабија ќе заработува повеќе од 100 милиони евра по сезона. Ал Итихад ја освои шампионската титула оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

