Израелската фудбалска федерација му забрани на Беитар од Ерусалим, да игра во квалификациите за Конференциската лига следната сезона. Ројтерс пренесува дека причина за ваквата одлукабило однесувањето на навивачите на овој клуб.
Беитар го одигра финалето на Купот на Израел против Макаби Нетања во Хаифа на 23. мај и победи со 3-0. По натпреварот традиционално беше организирано доделување на пехарот на кој учествуваше и претседателот на Израел Исак Херцог.
Меѓутоа, во тие моменти, голем број навивачи на Беитар влетаа на теренот, поради што претседателот Херцог мораше итно да биде евакуиран. Претходно во натпреварот, поддржувачите на Беитар фрлаа запалени факели и други предмети на теренот.
Беитар, покрај забраната за настап во Европа следната сезона, доби и парична казна (17,5 илјади евра), а на почетокот на шампионатот од следната сезона ќе им бидат одземени три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

