Лапсус на Перез – го помеша Модриќ со Дончиќ (ВИДЕО)

Флорентино Перез стана атракција по пресконференцијата по повод заминувањето на Карим Бензема од Реал Мадрид по лапсусот во кој ги помеша Лука Модриќ и Лука Дончиќ.

Истиот наиде и на интересна реакција на Модриќ и Лукас Васкез кои низ смеа ја прокоментираа грешката на претседателот на клубот.

За разлика од Карим Бензема кој се одлучи да замине во Саудиска Арабија по пребогат договор, Модриќ ќе остане во редовите на „кралскиот клуб“ и во сезоната која следи.

Се вчитува...