Заминувањето на Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед е се поголема веројатност. За најскапиот стопер во историјата која пристигна на „Олд Трафорд“ од редовите на Лестер во трансфер вреден 87 милиони евра постои интерес од неколку клубови, а последен кој се приклучи на листата е Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми.
Триесетгодишникот која ја носеше и капитенската лента го загуби местото во тимот по преголемиот број на киксеви и тој повеќе не е во плановите на Ерик тен Хаг, а според информациите од „Островот“ е мета број еден на новиот тренер Ејнџ Постекоглу.
Мегваер кој е и репрезентативец на Англија според „Трансфермакрт“ вреди 25 милиони евра, но доколку истиот се реализира очекувањата се дека ќе биде по сума од 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

