Бастони открива: Учиме од Ридигер, ќе го копираме Германецот бидејќи тој најдобро го запре Халанд

Интер со серија добри игри и резултати ја заврши сезоната во Калчо-лигата, што уште повеќе ја зголемува самодовербата кај „нероаѕурите“ во пресрет на големото финале од Лигата на Шампионите, в сабота против Манчестер Сити. Избраниците на Симоне Инзаги свесно му ја препуштаат фаворитската улога на противникот, но и најавуваат дека се подготвени за борба.

Многу важен аспект во играта на Интер ќе биде да се најде начин да се неутрализира Ерлинг Халанд, а Алесандро Бастони обелодени интересна тајна – „нероаѕурите“ го копираат начинот на кој Антонио Ридигер целосно го исфрли од ритам најдобриот стрелец на Сити на првиот полуфинален дуел со Реал Мадрид.

„Немаме зошто да се плашиме, ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од себе. Погрешно е да влезеш во некој натпревар со страв, мора да си храбар, без разлика кој е на другата страна од теренот. Халанд изјави дека Сити го довеле за заедно да ја освојат Лигата на шампионите, тоа доволно говори и за нашиот противник како тим и за Ерлинг како голгетер од највисока класа. Гледаме видеа од Ридигер и неговата изведба во полуфиналето. Тој фантастично го запре Халанд, дефинитивно е пример што треба да се следи, ќе се обидеме да го копираме во големото финале“, изјави дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони.

Се вчитува...