Роберт Просинечки за првпат во својата кариера би можел да застане како тренер на чело на хрватски клуб. Неговото име веќе интензивно се спомнува како шеф на стручниот штаб на новиот член на Суперлигата на Хрватска, Рудеш.
Рудеш се раздели со Давор Младина, тренерот кој ги внесе во Суперлигата, а како негов наследник се истакнува Роберт Просинечки.
Легендата на хрватскиот фудбал веќе речиси една година е без клуб. Претходно во кариерата ги водел Црвена Звезда, турскиот Кајсериспор, словенечка Олимпија а беше и селектор на Азербејџан и БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА