Швијонтек во полуфиналето, сензација на Хадад Маја

Беатриз Хадад Маја испиша историја откако стана првата Бразилка што се пласирала во полуфиналето на Ролан Гарос, откако по голема битка славеше над Онс Жабер од Тунис со 2-1 во сетови.

Хадад Маја, која влезе на овој гранслем турнир како 14. носителка, се најде во негатива откако го загуби првиот сет со 3-6, но потоа по голема борба го доби тајбрејкот во вториот сет со 7-5. Отпорот на Жабер беше целосно скршен, Тунижанката веќе немаше сили да доминира на теренот, а бразилската тенисерка го искористи тоа и го доби решавачкиот сет со убедливи 6-1. Со тоа, Хадад Маја стана првата Бразилка што обезбедила полуфинале на гранслем турнир уште од Марија Буено, која се најде во Топ 4 на УС Опен во далечната 1968 година.

Првата носителка Ига Швијонтек продолжува со сигурни игри откако денеска славеше со 2-0 во сетови над Коко Гауф. Гауф парираше до 3-3 во првиот сет, Швијонтек успеа да се одлепи и да го добие сетот со 6-4, а потоа со импресивно издание во вториот сет да слави со 6-2, за место во полуфиналето каде ќе се сретне токму со Беатриз Хадад Маја.

Се вчитува...