Еурофарм Пелистер ќе го донесе и второто засилување за Лигата на Шампионите од просторите на поранешна Југославија. Откако Битолчани веќе го официјализираа доаѓањето на словенечкиот десен бек Нејт Цехте, се очекува во следните денови да биде комплетиран и трансферот на српскиот репрезентативец Марко Милосављевиќ.
Како што информира „Балкан Хендбол“, битолчани имаат фрлено око на 25-годишниот бек, кој имаше забележителен настап за Србија на СП 2023. Тој игра во добра форма и во дресот на Адемар Леон во шпанската АСОБАЛ-лига, а проблем за „пелистерци“ е што Србинот е под договор и за наредната сезона, па македонскиот првак ќе мора да плати отштета за да го доведе во своите редови летово.
Кај самиот играч постои сериозен интерес да дојде во Битола, пред се поради фактот дека ќе може да заигра во Лигата на Шампионите, што дефинитивно е олеснувачки фактор за управата на „пелистерци“ во потрагата по нови засилувања. Милосављевиќ одлично се снаоѓа и како лев и како среден бек, со што би ги зголемил опциите во нападот на тренерскиот тандем Шундовски – Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА