Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата, Крис Пол ја заврши својата авантура во екипата на Феникс Санс, потврдија од клубот.
Франшизата од Аризона реши да се раздели со плеј-мејкерот кој беше дел од тимот кој во 2021 година стигна до финалето каде со 4-2 беше поразен од Милвоки Бакс.
Пол сезонава имаше многу проблеми со повреди, поради што мораше да ја пропушти и серијата против Денвер Нагетс во која беа поразени со 4-2.
Како прв фаворит за потписот на искусниот плеј-мејкер се споменува Лос Анџелес Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА