Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси објави дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС тимот на Интер Мајами.
Славниот Аргентинец реши да замине во американскиот клуб по завршувањето на соработката со ПСЖ, иако се зборуваше дека може да се врати во Барселона, но и дека може да го следи патот на Кристијано Роналдо и Карим Бензема, кои заминаа во Саудиска Арабија.
Еден од најдобрите играчи во историјата го избра еден од најлошите тимови во првенството на САД.
Тимот од Флорида кој е последен во источната конференција во МЛС не е подготвен за доаѓањето на Аргентинецот.
„Мислам дека овој клуб не е подготвен за доаѓањето на Меси. Имаме привремен стадион, луѓето можат да одат на теренот и нема ограда. Доаѓаме на стадион без обезбедување. Мислам дека не сме подготвени за доаѓањето на Меси“, изјави голманот на клубот од Флорида, Ник Марсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

