Шампионот на Саудиска Арабија Ал-Итихад продаде повеќе од 56.000 билети за промоцијата на Карим Бензема на стадионот „Крал Абдула“, во Џеда, само неколку часа откако беше објавен трансферот во средата.
Францускиот напаѓач и освојувач на „Златната топка“ во вторникот потпиша договор со саудискиот клуб за вкупно 165 милиони долари за три сезони.
Билетите за презентацијата на поранешниот капитен на Реал Мадрид во четвртокот на стадионот со 62.000 седишта познат како „Сјајниот скапоцен камен“ започнуваа од само девет риали (2,40 долари).
Голем број навивачи во жолто-црните бои на клубот го пречекаа Бензема по неговото пристигнување во градот во средата вечерта, а се очекува тој да одржи прес-конференција во четврток пред да биде претставен пред навивачите.
Бензема (35) беше првото засилување на Ал-Итихад по освојувањето на шампионската титула, а наскоро од Челси се очекува да му се придружи сонародникот Н’Голо Канте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

