Англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул го потврди своето прво засилување за новата сезона. Се работи за аргентинскиот фудбалер Алексис Мекалистер.
Освојувачот на светското првенство со Аргентина на „Енфилд роуд“ доаѓа од редовите на Брајтон и Хов Албион за сума од 42 милиони евра.
Аргентинецот ќе има за задача во Ливерпул да го засили средниот ред кој беше најголем проблем минатата сезона за Јирген Клоп.
#VamosAlexis 😁 pic.twitter.com/KsJSlW2D2p
— Liverpool FC (@LFC) June 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

