Барселона на крајот не успеа во мисијата на враќање на Лионел Меси во клубот, откако неверојатниот Аргентинец се одлучи кариерата да ја продолжи во американскиот Интер Мајами.
Откако беше објавено дека најдобриот фудбалер на денешницата сепак нема да има свој кам-бек во Каталонија, неговиот доскорешен соиграч од ПСЖ, Нејмар изражил желба за враќање на „Камп ноу“.
Нејмар има договор со ПСЖ до јуни 2025 година, па нејасно е колкаво обесштетување ќе побараат тие иако сакаат да се ослободат од Бразилецот.
Тој во ПСЖ заработува голема плата, но како што пишуваат шпанските медиуми, Бразилецот е подготвен на големо намалување на своите примања како би можел повторно да биде дел од Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

