Анчелоти: Расизмот е најголемиот проблем во фудбалот

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во интервју за италијанските медиуми говореше за многу работи, но посочи и кој е најголемиот проблем во фудбалот.

Според искусниот италијански тренер тоа е расизмот, бидејќи голем дел од неговите фудбалери се соочуваат со тоа, а најмногу на мета е Винисиус Жуниор.

„Расизам секако е најголемиот проблам во фудбалот. Не можам да прифатам дека стадионот стана непријателско место, не можам да ја прифатам оваа клима на омраза поради бојата на кожата, поради религијата, поради етничката припадност на играчите или тренерите. За четири години во Англија не се сеќавам на навреди, а во Шпанија тоа се случува. Тоа го видовме во примерот на Винисиус. Да, исвиркувања, но никогаш личен напад. Мора да се бориме со омраза, тоа ќе биде долг процес“, изјави Анчелоти. 

Се вчитува...