Еден Азар заминува во пензија

Еден Азар е подготвен да ја заврши кариерата на 32 години, откако го раскина договорот со Реал Мадрид.

Белгискиот фудбалер ја загуби неделната плата од 400.000 фунти една година пред официјалниот истек на договорот.

Иако се зборуваше дека би можел да се врати во Англија, шпанските медиуми пренесуваат дека една од сериозните опции е да ја заврши професионалната кариера.

Многумина тврдат дека пензионирањето на 32 години е прерано, но со оглед на тоа колку повреди имаше во последните четири години и колку малку играше, такво нешто не би изненадило никого.

За време на престојот во Реал, Азар одигра само 76 натпревари за кралскиот клуб и постигна седум гола надополнети со 12 асистенции.

Се вчитува...