Македонската репрезезентација на 10. јуни (сабота) го стартува официјалниот собир за јунските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Украина (16. јуни, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, Олд Трафорд, Манчестер).
Поголемиот дел од повиканите фудбалери за овие два меча, играчите кои веќе завршија со клупски активности, го одработија првиот дел од подготовките со националниот тим.
Изминативе денови селекторот Благоја Милевски работеше на одржување на физичката подготовка со поголемиот дел од репрезентативците а денеска на тренинзите се приклучи и Елиф Елмас.
Дени Илиев, Езгијан Алиоски, Јован Манев, Енис Барди, Аријан Адеми и Илија Несторовски поради обврски во клубовите не беа во можност да се стават на располагање за подготовките од 2. до 8. јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“, па ќе се приклучат на подготовките од сабота.
„Повеќето од фудбалерите се собраа, очекуваме и останатите да ни се придружат во следните три дена, на 12. јуни треба да бидеме комплетни на тренинг откако ќе пристигнат Алиоски, Адеми и Илиев“ – вели селекторот Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА