Марковски поразен и во игра на двојки на фјучерсот во Скопје

Обрад Марковски не успеа да ги продолжи натпреварите во игра на двојки на ИТФ фјучерсот кој за награден фонд од 25.000 долари се игра во Скопје.

По вчерашната елиминација во поединечна конкуренција, Марковски денеска заедно со својот партнер Вито Тонејц од Хрватска загубија од бугарската двојка Милев/ Несторов во два сета, со 6-7 и 3-6.

Од македонските тенисер единствен кој остана на турнирот во поединечна конкуренција е Калин Ивановски кој е четврти носител на турнирот.

Се вчитува...