Откако е јасно дека Лионел Меси не се враќа во Барселона, сега се активираа шпекулациите во светот на фудбалот за враќање на Бразилецот Нејмар на „Ноу Камп“.
Нејмар пред шест години за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ, но тоа и не беше некој негов паметен потег.
Гласините за враќање на Нејмар во Барселона се проширија и до тренерот Чави кој на таа тема категорично ќе рече:
„Ох, тоа е големо изненадување. Видете, јас Нејмар го ценам како личност, како играч, но и како пријател. Одличен е фудбалер, но не е во нашите планови“.
Нејмар за Барселона играше од 2013 до 2017 година, одигрувајќи вкупно 186 натпревари со 105 постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

