Меси ефект: Билетите на мечевите на Интер Мајами поскапеа за 1034%

Лионел Меси го потврди трансферот во Интер Мајами, а ефектот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња веќе го зема учинокот. Дебито на Аргентинецот во дресот на американскиот клуб се очекува да биде на 21. јули, а цената на билетот за дуелот против Круз веќе поскапе за 1034 отсто.

Според комапнијата „ТикПик“ која се бави со продажба на влезници, во вторникот најефтиниот билет за натпреварот изнесувал 29 долари, а ден подоцна, откако Меси го најави трансферот цената се искачи на 329 долари.

Станува збор за пораст од 1034 отсто за што маркетиншкиот менаџер Кајл Зорн изјави дека тоа би можел да биде најскапиот натпревар во историјата на МЛС.

„Дојде до интенвизвен пораст на цената за влезниците на Интер Мајами кога се Меси го потврди трансферот. Во обзир на статусот кој го има можеби еден од најголемите фудбалери на светот, секој пат кога Мајами ќе има гостински натпревар очекуваме рекордна цена на влезница“, вели Зорн.

Се вчитува...