Чешката тенисерка Каролина Мухова приреди вистинско изненадување во полуфиналето на Ролан Гарос, победувајќи ја големата фаворитка Арина Сабаленка од Белорусија.
Мухова се пласираше во финалето откако по маратонски меч во три сета, со 7-6(5), 6-7(5) и 7-5 славеше против Сабаленка.
Моментално 43-та тенисерка во светот ја исфрли втората тенисерка на ВТА листата, после три часа и 17 минути игра. Па сега, Мухова во битката за прва гранслем титула ќе игра против подобрата од второто полуфинале, меѓу Ига Швјонтек од Полска и Бразилката Хадад Маја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

