ВИДЕО: Кога Роналдо ќе се шокира од она што го кажува Георгина

Кристијано Роналдо и неговата поубава половина Георгина деновиве се во Мадрид каде промовираат бизнис за производство и продажба на алкални минерални води кој се надева ќе донесе нови милиони за него.

Но, еден момент го привлече вниманието на медиумите. Роналдо се изненади што зборува неговата партнерка јасно давајќи до знаење дека е шокиран од се што слуша.

Медиумите информираат дека Роналдо бил изненаден од одговорот на Георгина на прашањето дали би се омажила за повеќекратниот освојувач на Златната топка.

„Секако“ – гласел одговорот на Георгина, одговор кој е и очекуван, но Роналдо бил изненаден зошто морала да одговора било што на таа тема.

Набрзо, откако снимката од тој момент се појави во јавноста, Гергина се обиде да ги поправи нештата објавувајќи заедничка фотографија со Роналдо промовирајќи го неговиот производ.

Неколку месеци наназад се шпекулираше дека двојката е во криза, но Георгина и овој пат искористи можност да им каже на новинарите дека ништо од тоа не е точно.

Се вчитува...