Фабрицио Романо пред десет дена објави дека Манчестер сити и претставници на Матео Ковачиќ веќе почнале преговори за трансфер на Хрватот меѓу „граѓаните“.
Романо тогаш истакна дека „Челси во склопот на револуцијата во средниот ред сака да го продаде Ковачиќ“. А, сега Романо доцна синоќа ексклузивно објави дека договорот е постигнат и Матео Ковачиќ се сели во Манчестер сити.
„Ковачиќ ги договори сите детали со Манчестер сити, како што се личните трансфер услови. Сега останува уште неговиот иден и поранешен клуб да ја договорат отштетата. Тоа ќе биде по саботното финале во Лигата на шампионите“ – објави Романо.
29-годишниот Ковачиќ по пет години заминува од Челси со кого има договор до следното лето. На „Стемфорд бриџ“ дојде по СП 2018 на позајмица од Реал Мадрид, а следното лето Челси го откупи за 45 милиони евра. За Челси одигра 221 натпревар и постигна шест гола со 15 асистенции. Ги освои Лигата на Европа, Лигата на шампионите и клупското светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

