Фудбалерите на Брегалница подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе ги стартуваат на 26. јуни, кога ќе бидат реализирани лекарските прегледи и почетокот на летниот тренажен процес.
Согласно програмата на стручниот штаб, првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Штип и во Пехчево, по што ќе се оди на финалните техничко-тактички подготовки комбинирани и со пријателски натпревари.
„Во Пехчево ќе ја реализираме почетната фаза од подготовките, а потоа во зависност од договорените пријателски натпревари тактично-техничките подготовки ќе бидат во Банско или во Охрид. Но, одлуката околу тоа ќе зависи од договорените тестови. Планираме одигрување седум пријателски средби преку кои ќе се темпира формата за стартот на новата сезона“ – вели шефот на стручниот штаб, Горан Здравков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА