Новак Ѓоковиќ стигна до ново финале на Ролан Гарос, откако во првиот полуфинален дуел слаевеше против Карлоз Алкараз со 3-1, по сетови 6-3, 5-7, 6-1 и 6-1.
Двајцата тенисери ги одиграа веројатно најдобрите први два сета на турнирот од кои по еден заврши и за двајцата.
Во првиот сет доволен беше само еден брејк за Србинот да го освои со 6-3. Во вториот двајцата тенисери водеа неверојатна битка, која на крајот заврши на страна на Шпанецот (5-7).
Вистинските проблеми за Шпанецот настанаа во третиот сет. При резултат 1-1 во гемови Алкараз побара мдицински тајм-аут, но поради тоа што го побара на парни гемови кога не е дозволен одмор од една минута, под казна го изгуби неговиот гем, па Србинот поведе со 2-1 во гемови. До крајот на сетот Алкараз се мачеше со повредата, па Србинот го доби овој сет со 6-1.
По завршувањето на сетот Алкараз побара уште еден медицински тајм-аут. По враќањето Алкараз заигра за нијанса подобро, но се виде дека не е во можност да даде 100 отсто нешто што го искористи искусниот Србин за ново финале во Париз.
Вториот финалист ќе ни го даде полуфиналниот дуел меѓу Германецот, Алкеснадар Зверев и Норвежанецот, Каспер Руд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

