Новак Ѓоковиќ стигна до ново финале на Ролан Гарос, откако во првиот полуфинален дуел слаевеше против Карлоз Алкараз со 3-1, по сетови 6-3, 5-7, 6-1 и 6-1.
Двајцата тенисери ги одиграа веројатно најдобрите први два сета на турнирот од кои по еден заврши и за двајцата, но на почетокот на третиот Алкараз веќе немаше сила. Почнаа да го мачат грчеви, а сето тоа значеше лесна победа за 22-кратниот гранд-слем шампион.
„Прво морам да кажам дека Карлос немаше среќа. На ова ниво, не сакате такви работи, грчеви и проблеми во полуфинале на еден гранд-слем. Морам да кажам дека тој е фантастичен играч и дека сигурно ќе го освои овој турнир во иднина. Нему му беше тешко да одлучи дали ќе се предаде или не и му честитам што се бореше до крај. Ниту јас не се чувствував свеж на крајот од вториот сет. Потоа доби грчеви и оттогаш беше сосема поинаков натпревар. Видов дека се мачи, се трудев да не размислувам за тоа и се надевам дека наскоро ќе се врати на теренот“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ на патот до 23-рекордна гранд-слем титула ќе му застане уште подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Александар Зверев и Каспер Руд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

