Ѓоргиев и Мујезиновиќ потпишаа за Гостивар

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига Гостивар го составува тимот со кој ќе влезе со големи амбиции во кам-бек сезоната во елитата.

Гостиварци денеска претставија две супер засилувања во имињата на Пепи Ѓрогиев и Мустафа Мујезиновиќ.

Ѓоргиев во Гостивар доаѓа како слободен играч, а минатата сезона ја помина во Шкупи. Мујезиновиќ минатата сезона беше дел од Шкендија.

Паралелно со двете најнови засилувања, гостивар во ист момент потпиша со 12 фудбалери и во новата сезона ќе играат Рејан Абази, Емран Рамадани, Бујар Абази, Андреј Кировски, Фисник Зука, Амир Јашар, Ринор Ајдини, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Рушту Јонус, Стојан Стојчевски, Ѓорѓи Танушев и Енис Дервиши.


Се вчитува...