ПОЗНАТИ СОСТАВИ ЗА ФИНАЛЕТО ОД ЛШ: Инзаги ќе напаѓа со Џеко, Гвардиола без изненадувања

Познати составите за големото финале во Лигата на шампионите меѓу Интер и Манчестер сити кое се игра вечерва во Истанбул.

Како и што се очекуваше Интер ќе напаѓа со Един Џеко во офанзивата, кој доби предност пред Лукаку, а се останато беше добро познато во составот на Симеоне Инзаги.

Без изненадувања во првиот тим и на Пеп Гвардиола…

ФИНАЛЕ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ (СОСТАВИ)
ИНТЕР: Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Димарко, Барела, Брозовиќ, Чалханоглу, Лаутаро и Џеко.
МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Аке, Диаз, Аканџи, Родри, Стоунс, Силва, Грилиш, Гундоган, Де Брујне, Халанд.

Се вчитува...