Реал со „брејк“ победа против Хувентуд, Јабуселе повторно ќе предизвикаше инцидент (ВИДЕО)

Кошаркарите на Реал Мадрид дојдоа до „брејк“ победа во третиот натпревар од полуфиналето во шпанската лига, па сега имаа предност од 2-1 во серијата против Хувентуд.

Реал славеше со 73-83 на гостувањето против Хувентуд, во меч во кој доминираа од самиот почеток, па не дозволија домашните да се заканат, иако во финишот со неверојатна последна четвртина од 30-13 се обидоа да дојдат до пресврт.

Најефикасен кај Реал беше Џанан Муса со 25 поени, а Јабуселе заврши со 16 поени. Кај Хувентуд се издвои Кајл Гај со 20 поени.

Сепак, мечот го одбележа и инцидентот во втората четвртина во која беше вклучен Јабуселе. Секогаш тензичниот Јабуселе се впушти во конфликт со Томиќ, иако овој пат се чини и имаше право да реагира по неспортскиот потег врз него…

Се вчитува...