Пеп Гвардиола запиша историја – сега е уникатен во Европа!

Пеп Гвардиола се запиша во историјата на европскиот фудбал. Гвардиола со годинашната тројна круна со Манчестер сити стана единствен тренер во историјата на европските фудбалски натпреварувања кој има две тројни круни во една сезона, и тоа со два различни тима.

Првиот пат на Пеп тоа му успеа во сезоната 2008/09 со Барселона, а сега го повтори тој успех со Манчестер сити.

За Гвардиола сега ова е трета титула во Лигата на шампионите како тренер, израмнувајќи се со Зинедин Зидан.

Се вчитува...