Манчестер сити за првпат во својата историја дојде до европската круна, освојувајќи ја Лигата на шампионите! Но, сезоната 2022/23 ќе ја паметат „граѓаните“ и по тројната круна.
Ова е вторпат во историјата еден тим да има тројна круна со Лигата на шампионите, Сити на тој начин запишувајќи се и како својот лут ривал Манчестер јунајтед, кој пред нив успеа исто така во такво нешто.
Што се однесува, пак, до статистиката на европските земји, за Англичаните ова е 15-та титула клупски шампиони на Европа. Сега им избегаа на Италијанците кои имаат 12 титули, додека Шпанците и натаму се неприкосновени на првото место со 19 трофеи – европски шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

